Алиоски го освои најголемиот трофеј во Азија, Ал Ахли е првак во Лигата на шампиони!

Ал Ахли со 2-0 го победи Кавасаки во финалето од азиската Лига на шампиони и го освои најголемото клупско натпреварување на овој континент.

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски го одигра целиот натпревар. За разлика од домашното првенство каде е редуциран бројот на странци, нашиот фудбалер играше стандардно во Лигата на шампионите.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме, за двата асистент беше Роберто Фирмино, првиот погодок го постигна Галено, а вториот беше дело на Кеси.