Пропаднаа плановите: Балде не игра против Интер

Иако претходните денови беше најавено, левиот бек на Барселона, Алехандро Балде, сепак, нема да игра во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер.

Тој е повреден неколку недели и се очекуваше да се врати токму против Интер во дуелот кој е од исклучително значење за Барса. Сепак, новите прогнози се дека ќе биде подготвен за игра дури во Ел Класико кое се игра на 11 мај на Монжуик.

Во вакви услови, Ханси Флик ќе мора повторно да експериментира и најверојатно Ињиго Мартинез ќе игра како лев бек против Интер. Останатите тројца од дефанзивната линија ќе бидат Ерик Гарсија, Араухо и Кубарси, а нема да има ни класичен десен бек бидејќи Кунде се повреди во средата. Иако претходните денови беше најавено, левиот бек на Барселона, Алехандро Балде, сепак, нема да игра во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер.