Maто и Матиќ го срушија Шкупи среде Чаир! (ФОТО)
Првото полувреме на стадионот во Чаир донесе борбена игра со малку шанси на двете страни, но и тензични ситуации. Поради протести кај Вардар во финишот црвен картон заработи тренерот Гоце Седлоски.
И во таква ситуација Вардар набрзо потоа успеа да дојде до предност. Искусниот Горан Закариќ одлично го пронајде Роџерс Мато кој реализираше за водство за гостите по првите 45 минути.
Слична слика гледавме и во вториот дел на теренот, а конечниот резултат беше поставен на 20-тина минути до крајот кога повторно Закариќ беше асистент, сега со нафрлување од прекин за дефанзивецот Матиќ.
Вардар со овие три бода доаѓа до 38 со кои се наоѓа на шестата позиција, Шкупи е веднаш зад нив со четири помалку.