
Гвардиола: Откако ќе завршам со Сити - одам на пауза!
Гвардиола во Манчестер Сити е повеќе отколку што беше во Барселона и Баерн Минхен заедно. Тој го продолжи договорот со англискиот тим до 2027 година.
„Откако ќе ми истече договорот со Сити ќе престанам, сигурен сум. Не знам дали ќе се пензионирам или не, но сигурно ќе земам пауза“, рече Гвардиола.
„Сите тренери сакаат да победуваат и да ги паметат по нешто големо, но верувам дека навивачите на Барселона, Баерн и Сити уживаа гледајќи како моите тимови играат. Мислам дека не би требало да размислуваме за тоа дали ќе не паметат“.
„Кога ќе умреме, семејството не плаче два-три дена и готово, ќе бидеме заборавени. Во тренерската кариера има добри и лоши моменти, но најважно е што тие најдобрите се паметат малку подолго“.
„На крајот, не е важно што мислат луѓето за тебе. Животот на нас тренерите и фудбалерите бил многу добар. Пред нас се нови предизвици, не знам што ме чека, но тоа не е важно“.