
Наинголан откри како се вмешал во скандалот со дрога - позајмил 100.000 евра од дилер!
Сега екс-фудбалерот на Рома и Интер за првпат зборуваше за овој скандал и ги објасни причините поради кои бил уапсен.
Наинголан во разговор за белгиската програма „Бар Гоенс“ тврди дека со целиот случај бил поврзан бидејќи позајмил 100.000 евра од Наср-Един, познат дилер на дрога. Белгиецот објасни дека парите му биле потребни поради долгови направени со коцкање во момент кога сметките му биле блокирани поради разводот.
„Луѓето веруваа во она што го читаа, дека јас сум лидерот на некаква група. Но, тоа нема никаква врска. Парите ги побарав поради долгови од коцкање и затоа што моите сметки беа блокирани поради разводот со Клаудија“, изјави Наинголан.
Наинголан во овој момент настапува во втората лига во Белгија во тимот на Локерен-Темзе.
Фото: Inter/X