Ѓорческа запрена во полуфиналето на фјучерсот во двојки во Грузија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во двојки на турнирот во Грузија откако денеска со својата партнерка Екатерини Горгодзе беа поразени со 2-0 во сетови од Рутаје Босале од Индија и Пеги Мари Хуриган од Нов Зеланд.

Првиот сет донесе голема борба и неизвесност, па се решаваше во тај-брејк Босале и Хургиан беа подобри со 8-6.

Во вториот сет Ѓорческа и Горгодзе освоија само три гема, па така не успеа да дојдат до финалето.

Мечот траеше еден час и 36 минути, турнирот во Лопота се игра за вкупен награден фонд од 40.000 аамерикански долари.