Бетис ќе добие конкуренција: Атлетико Мадрид тргнува по Антони

Раководството на Бетис го посочи потписот на Антони како главен приоритет за летниот преоден рок, но уште сега е јасно дека таа операција воопшто нема да биде лесна.

Интерес за Бразилецот покажува и Атлетико Мадрид бидејќи Диего Симеоне е воодушевен од игрите на фудбалерот кој игра како позајмен во Бетис. Од доаѓањето во Севиља, Антони постигна седум гола и четири асистенции и го направи Бетис кандидат за пласман во Лигата на шампионите, но и за трофејот во Конференциската лига.

Во овој случај решава и Манчестер Јунајтед чиј играч е Антони, а кој најверојатно ќе бара меѓу 40 и 50 милиони евра за својот фудбалер.