
Tилеманс го „реши“ Фулам, Астон вила не се откажува од ЛШ (ВИДЕО)
Човек на одлука во денешниот натпревар беше Јури Тилеманс кој погоди во 12. минута. Тилеманс најдобро се снајде во шеснаесетникот на Фулам по еден корнер на Мекгин и со главва го матираше противничкиот голман.
1-0 ASTON VILLA
— Goals ⚽ (@Goals360hub) May 3, 2025
TIELEMANS WITH A GOOD HEADER FROM A GREAT CORNER!!!!pic.twitter.com/j7CUBLhBcu
Видовме во продолжение по некоја прилика и на двете страни, но резултатот не се промени, па бодовите ги освоија домаќините.
Астон вила сега со 60 бода е седма, но со ист број на бодови со Нотингем и Челси, Њукасл е четврти со 62 со тоа што Челси и Њукасл допрва треба да ги играат своите натпревари од 35. коло. Фулам од друга страна е осми, меѓутоа веќе заостанува осум бода зад денешниот противник.
Фото: Aston Villa FC/FB