
Mилер го избрал новиот клуб - добива вила и богат договор!
Според информации на реномирани германски медиуми, најсериозна дестинација за искусниот ас е САД, поточно тимот на Лос Анџелес од МЛС лигата.
Клубот од Калифорнија, познат по амбициозните проекти и атрактивните имиња, наводно прави сѐ за да го убеди Милер да се пресели преку Атлантикот, нудејќи му не само атрактивен договор, туку и целосен луксузен пакет. Меѓу условите се вклучени висока плата, вила на Беверли Хилс, и статус на главна ѕвезда на тимот, што на Милер би му обезбедило не само продолжување на кариерата, туку и вистински холивудски животен стил.
Во тимот веќе настапуваат големи фудбалски имиња како Оливие Жиру и Уго Лорис, а со доаѓањето на Милер, Лос Анџелес би добил дополнителна тежина, искуство и гламур во своите редови.
Моментално, ЛА се наоѓа на осмата позиција во МЛС, но со вакво засилување, амбициите за борба на врвот стануваат многу пореални.
Фото: FC Bayern München/X