Огромна чест за Јамал - големиот Анри му побара дрес! (ВИДЕО)

Ламин Јамал, чудото од Барселона, само што наполни 17 години и 10 месеци, а веќе е еден од најдобрите фудбалери во светот со голем успех зад себе.

Шпанскиот репрезентативец блескаше и вчера против Интер постигна прекрасен гол, двапати ја погоди стативата и буквално ги излудуваше дефанзивците на Интер со своите дриблинзи и динамична игра. Натпреварот за него беше 100-ти во дресот на Барселона, а младиот офанзивец веќе има импресивна статистика од 22 гола и 33 асистенции.

По натпреварот, Јамал се јави во живо од микс-зоната на „Монжуик“ за студиото на „CBS“, каде што како стручен коментатор беше присутен Тиери Анри, фудбалската икона што летото 2007 година дојде во Барселона, само 12 дена пред раѓањето на Јамал.

Анри, воодушевен од играта на младата ѕвезда, му се обрати на шпански јазик со интересно барање:

„Доаѓам сега во Барселона за „Ел Класико“. Можеш ли, те молам, да ми го дадеш својот дрес за мојот син?“ – запраша Анри.

Одговорот на Јамал го воодушеви студиото: „Може, ако ти ми дадеш еден свој дрес!“

Анри се насмеа и продолжи: „Претпоставувам дека сакаш дрес од Барселона?“

„Може од Барса, од Арсенал, било кој“, рече Јамал со насмевка.

Анри во дресот на Барселона настапи три сезони, одигра 121 натпревар, постигна 49 голови и забележа 27 асистенции. Освои две титули во Ла Лига, една Лига на шампиони и еден Куп на кралот.

Фото: Barcelona/X