Лоши вести за Барселона: Кунде е отпишан за реваншот со Интер

По Алехандро Балде, Барселона остана и без десниот бек откако Жил Кунде се повреди во првото полувреме од синоќешниот меч против Интер.

Французинот го напушти теренот во 42. минута, а првите прогнози се дека има истегнување на задната ложа. Медиумите во Шпанија тврдат дека не постојат никакви шанси тој да настапи на реваншот во Милано во вторник иако тренерот Ханси Флик рече дека повеќе информации ќе се знаат во текот на денешниот ден. Подеднакво важно е дали Кунде ќе биде способен да игра до крајот на сезоната бидејќи Барселона ја очекува жестока битка за титулата во шпанското првенство.

Од друга страна, германскиот стручњак откри дека е можно Левандовски и Балде да заиграат во реваншот, па дури и на мечот против Ваљадолид в сабота.