И него го стигнуваат годините: На Леброн вакво нешто не му се случило осум години

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс изминатата вечер беа поразени од Минесота која сега има предност од 3-1 во серијата.

Една од причините за поразот може да се бара во нешто послабиот настап на Леброн Џејмс. И во овој натпревар Леброн беше статистички присутен и одигра на високо ниво за еден 40-годишник, сепак постојат и бројки кои говорат поинаку.

Еден од нив е податокот дека во последната четвртина не успеа да постигне ниту еден поен и такво нешто не му се случило цели осум години.

Последен пат кога не успеал да постигне поен во четвртина во која настапил било во 2017 година.

Натпреварот „кралот“ го заврши со дабл-дабл од 27 поени и 12 скокови.

Фото: Los Angeles Lakers/FB