Вардар со ракометар на Тиквеш го замени Аларов!

Кристијан Атанасовски по пауза од неколку сезони се враќа во редовите на Вардар и тоа како замена за Михаил Аларов кој ќе го напушти клубот, потврдија од редовите на поранешниот европски шампион.

Пивотменот во Вардар се враќа од Тиквеш каде што сезонава прикажува добри настапи, па Вардар се одлучи да го врати во своите редови.

Покрај Вардар во кариерата Атанасовски го носеше дресот на Охрид, Анже и Кастриоти од Косово. Исто така тој беше дел и од младинската репрезентација на Македонија која настапи на Европското првенство во 2014 година.

„Чест и задоволство е да бидам дел од клуб каков што е Вардар. Таму ги почнав моите ракометни почетоци и среќен сум што сега повторно се враќам. Вардар е европски клуб со големи успеси зад себе. Се надевам дека заедно ќе имаме уште многу победи и успеси, изјаваи Анастасовски.

Фото: ГРК Тиквеш