Ќе има спектакл: Ливерпул ја закажа шампионската парада

Фудбалскиот клуб Ливерпул официјално соопшти дека на 26 мај ќе се одржи парада во чест на освоената титула во Премиер лигата, 20-та во историјата на клубот.​

Како што информираат од клубот, автобус со играчите и стручниот штаб ќе се движи низ најпознатите делови на градот, каде се очекува да се соберат над 1,5 милиони навивачи за да им оддадат почит на новите шампиони на Англија. Оваа прослава ќе биде и еден вид компезација за пропуштената парада во 2020 година, кога поради пандемијата на ковид-19 не беше одржана свечена манифестација.​

Од Ливерпул најавуваат дека парадата ќе трае помеѓу три и пет часа, при што ќе се слави новата страница во славната историја на клубот од „Енфилд“.

Навивачите на Ливерпул, кои со нетрпение го очекуваат настанот, веќе започнаа со подготовките за прославата.

„Ова е историски момент за нашиот клуб. Конечно ќе можеме да ја прославиме титулата како што доликува“, изјави еден од навивачите.

Градските власти веќе започнаа со подготовките за настанот, кој се очекува да биде еден од најмасовните во последните години.

Фото: Liverpool FC/FB