Да се наежи човек: Химната на Ливерпул ја пееше цел стадион по освоената титула (ВИДЕО)

Ливерпул со триумфот од 5-1 против Тотнем ја потврди шампионската титула во Премиерлигата на четири кола пред крајот на сезоната.

По освоената титула беа забележани емотивни сцени на „Енфилд“, каде што цел стадион ја пееше химната на клубот „Никогаш нема да одиш сам“.