
Поразот од Барса беше последен меч на Анчелоти на клупата на Реал!?
Ако се покажат како точни тврдењата на „Скај Спортс“, тоа значи дека Карло Анчелоти нема да го води Реал Мадрид на следниот натпревар.
Наводно веќе е донесена одлука тој да замине од клубот, а во меѓувреме Анчелоти почнува преговори со Бразил од каде се заинтересирани тој да им биде новиот селектор.
Се очекува во текот на следната недела Анчелоти да биде ослободен од должноста тренер на Реал Мадрид и Италијанецот комплетно да се фокусира на преговорите со Бразил кој веројатно ќе биде неговиот следен предизвик.