Еврогол на Педри - Барса води! (ВИДЕО)

Нешто помалку од половина час ѝ беше потребен на Барселона да го отвори резултатот во финалето од Копа дел Реј против Реал.

„Каталонците“ доминираа од почетокот на мечот, имаа неколку шанси, а круна на таквата игра дојде со евроголот на Педри.

Јамал доби една топка длабоко на десната страна, одложи до Педри, а овој од околу 20 метри го погоди десниот агол од голот на Куртоа кој беше немоќен.