Анчелоти и Флик ги открија адутите: Мбапе почнува од клупа, Барса со најдоброто во моментов (СОСТАВИ)

Тренерите на Барселона и Реал, Ханси Флик и Карло Анчелоти ги објавија почетните постави за финалето од Копа дел Реј кое се игра од 22 часот во Севиља.

Веднаш во очи паѓа отсуството на Килијан Мбапе кој натпреварот ќе го почне од клупата за резервни играчи што очигледно значи дека не заздравел од повредата што ја доживеа на дуелот против Арсенал во Лигата на шампионите. Во стартната постава, по долго време е Ферлан Менди кој ќе треба да го запре Ламин Јамал.

 

 

Флик почнува со најдоброто со што располага во моментов, со оглед на тоа што поради повреди ги нема Левандовски и Балде. На левата бековска позиција е Жерард Мартин, додека во нападот е Феран Торес кој игра во добра форма во последно време.

 

 

Ова значи дека финалето од Копа дел Реј ќе почне без двајцата најдобри стрелци во моментов во Ла Лига.