Вараждин не прави ништо без Митровски: Македонецот херој и против Локомотива! (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Димитар Митровски одигра одличен натпревар во дресот на Вараждин во кој постигна два гола со кои донесе триумф од 2-1 над Локомотива.

Гостите први дојда до водство со голот на Мудаџија од пенал по половина час игра и со водство заминаа на полувремето.

Локомотива водство имаше се до 60. минута кога Митровски со мајсторски гол од слободен удар го израмни резултатот на 1-1.

Не застана тука македонскиот напаѓач и во завршницата од натпреварот го постигна својот втор гол за три бода на Вараждин.

Ова е втор натпревар во низа на кој Македонецот е херој за Вараждин откако во минатото коло го постигна и единствениот гол во триумфот над Славен Белупо.

Со денешните два гола Митровски дојде до бројката од седум гола оваа сезона, а има и една асистенција.