Голчиште на Андонова против Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова која сега настапува за ФК Мадрид, му даде спектакуларен гол на Реал Мадрид во градското дерби кое неговиот тим го загуби со 7-3.

По кратката авантура во Саудиска Арабија, Андонова се врати во шпанскиот фудбал и веднаш почна да ги тресе мрежите и тоа погоди против Реал Мадрид.

Македонката постигна мајсторски гол за израмнување на 3-3.

По погодокот на нашата Наташа, Реал Мадрид даде уште четири гола и победи со убедливи 7-3.