
Рафиња: Минатата година да добиев понуда од С. Арабија, веднаш ќе ја прифатев!
Рафиња е мета на неколку екипи од Саудиска Арабија, а во разговор за медиумите откри дека вчера ги дознал вестите за интересот.
„Вчера некој ми ги испрати вестите за понудата од С. Арабиај. Да бидам искрен, ќе ја прифатев ако пристигнеше минатата година. Имав проблеми во Барселона. Животот ми се менуваше. Меѓутоа, Флик ги промени работите за мене. Ова ме натера да ги затворам ушите и очите на богатите понуди“, кажа Рафиња.