Екс-фудбалер на Јувентус чува и дрес од Пандев: Тој е мој идол! (ВИДЕО)

Фудбалерот на Лацио, Лука Пелегрини кој во кариерата го носеше и дресот на екипи како Јувентус и Рома откри дека македонската фудбалска икона Горан Пандев е негов идол.

Пелегрини во своето последно интервју ја прикажуваше и импресивната колекција на дресови која ја собрал низ кариерата и во која се наоѓаат дресови од имиња како Кристијано, Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ...но тука е и дресот на Пандев од времето кога настапуваше за Џенова.

„Горан Пандев е идол за мене и за многу навивачи на Лацио“, кратко објасни Пелегрини.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by GOAL (@goalglobal)