Ѓоковиќ: Го разбирам Алкараз кога вели дека се чувствува како роб

Роберто Баутиста го критикуваше Карлос Алкараз, кој кажа дека се чувствува како роб на тенисот, по што Новак Ѓоковиќ застана во одбрана на младиот шпански тенисер.

Најдобриот српски тенисер вели дека го почувствувал истиот притисок на своја кожа и го кажа своето мислење на темата.

„Не сакам да бидам арогантен, зашто многу луѓе не успеваат да изберат професија и страдаат повеќе од нас во други аспекти од животот. Сепак, тенисот ти зема многу во текот на годината, односно животот. Имаме среќа што може да се посветиме на тоа што го сакаме најмногу. Нашиот пат е полн со пречки и предизвици. Имаме најдолга сезона во спортот. Секогаш е тешко, но сè зависи одреден тенисер како се соочува со проблемот“, вели Ѓоковиќ.