Воска потврди: Нема да ја доигра сезоната во Првата лига!

Раководството на Воска Спорт соопшти дека се повлекува од македонската Прва лига, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им изрече казна за напуштање на мечот против Вардар во минатото коло.

ФФМ на охриѓани им одзема девет бодови, со што Воска испадна во втората лига, по што екипата реши да не ги доигра натпреварите од првенството.

Воска Спорт ќе треба да плати и парична казна од 7.500 евра, а претседателот на тимот Нефи Усеини и тренерот Клодиан Арбри добија двегодишна суспензија.