
На големо се работи во салата на Работнички – дури и со трактор и булдожер (ФОТО)
На денешната прес-конференција беше презентиран напредокот во работата на овој објект, за чија реконструкција во повеќе наврати се издвоени вкупно два милиони евра, пари обезбедени од македонската влада и министерство за спорт.
Новата сала „Градски парк“ ќе има далеку помал капацитет од претходно (700 седишта) поради фактот што мораше да се руши дел од објектот за да бидат задоволени стандардите на ФИБА. Во моментов се работи на трибините и на подот, за што во салата можеше да се забележат дури и трактор и булдожер.