По 51 година, Болоња е во финалето од Купот на Италија (ВИДЕО)

Откако оваа сезона заигра во Лигата на шампионите, првпат по четири децении, Болоња денеска обезбеди пласман во финалето од Купот на Италија по пауза од 51 година.

И во возвратниот полуфинален меч против Емполи, Болоња славеше, сега со 2-1 и со вкупни 5-1 се избори за меч за трофејот против Милан. Победата ѝ ја донесе Даилинга во 86. минута откако претходно Фабијан го отвори резултатот, а потоа Коваленко израмни. Реално, најголемиот дел од работата Болоња ја заврши во првиот меч на гостински терен каде славеше со 3-0.

Во финалето, една од двете екипи ќе прекине еден долг пост. Милан нема триумф во Купот од 2003, а Болоња од 1974 година кога и последен пат учествуваше во мечот за трофејот. Болоња досега само два пати стигнала до финалето (во 1970 и 1974 година) и славеше на двата меча.

Финалниот меч е на програмата на 14 мај на Олимпискиот стадион во Рим.