
По 51 година, Болоња е во финалето од Купот на Италија (ВИДЕО)
И во возвратниот полуфинален меч против Емполи, Болоња славеше, сега со 2-1 и со вкупни 5-1 се избори за меч за трофејот против Милан. Победата ѝ ја донесе Даилинга во 86. минута откако претходно Фабијан го отвори резултатот, а потоа Коваленко израмни. Реално, најголемиот дел од работата Болоња ја заврши во првиот меч на гостински терен каде славеше со 3-0.
Во финалето, една од двете екипи ќе прекине еден долг пост. Милан нема триумф во Купот од 2003, а Болоња од 1974 година кога и последен пат учествуваше во мечот за трофејот. Болоња досега само два пати стигнала до финалето (во 1970 и 1974 година) и славеше на двата меча.
Финалниот меч е на програмата на 14 мај на Олимпискиот стадион во Рим.