
Ракометарите на Пелистер и Вардар се фатија за гуша, ги смируваа редарите и полицијата (ВИДЕО)
Голот на Хориха во последната милисекунда ја комплетира драмата, која понуди возбудувања и по последниот звук на сирената, кога за време на големото славје на вардарци во еден момент дојде до мешаница во која се најдоа речиси сите ракометари од двата табори.
Според коментаторите на средбата, во ценатр на вниманието беа Филип Кузмановски и херојот Хориха, кои први се „фатија за гуша“, што за среќа не ескалира во нешто посериозно. Мешаницата мораше да биде разбиена со помош на редарите и полицијата, а голема среќа е што во теренот не влегоа навивачите на ниту еден од двата тима.