
Барса од 40 шутеви даде еден гол, но мисијата ја оствари - победа против Мајорка! (ВИДЕО)
Барса имаше целосна доминација, но резервниот голман на Мајорка кој на овој меч беше стартер, Леон Роман правеше чуда на голот, имаше вкупно 12 одбрани.
Барселона упати 40 шута од кои 13 во рамките од голот на Мајорка, а само еден заврши во мрежата на противникот.
Тоа се случи по неколку секунди игра во вториот дел кога Дани Олмо погоди за победа од 1-0.
Следен меч на Барселона е финалето од Купот на Шпанија против Реал Мадрид на 26 април.