Проблем за Партизан: Клубот не доби лиценца за Европа!

Фудбалскиот гигант Партизан се соочува со сериозни проблеми и ризикува да остане без УЕФА лиценца за учество во европските натпреварувања, пишуваат српските медиуми. 

Причината за ова е нерешеното прашање со поранешниот фудбалер на црно-белите, Никола Антиќ, за кој клубот не успеал да постигне договор за исплата на долговите

Антиќ, кој по заминувањето од Партизан ја продолжи кариерата во Казахстан, оставил отворен долг кон својот поранешен клуб, што создаде сериозни проблеми за Партизан. И покрај напорите на клубот, ниту еден од потребните документи кои би го потврдиле решавањето на спорот не е доставен до Фудбалскиот сојуз на Србија.

ФСС, имајќи ги во предвид временските рамки и сериозноста на ситуацијата, преку надлежната комисија одлучи да го продолжи рокот за 48 часа, со цел Партизан да успее да го реши проблемот и да ја комплетира документацијата.

Никола Антиќ пристигна на Хумска летото 2023 година, со задача да го замени претходниот капитен Слободан Урошевиќ, кој во истиот преоден рок се пресели во кипарски Арис. Сега, поради финансиските обврски, Партизан се наоѓа пред голем предизвик да ги реши долговите и да ја задржи својата УЕФА лиценца.

Фото: FK Partizan/FB