
Дончиќ на чекор од трипл-дабл, Лејкерс израмни против Минесота (ВИДЕО)
Лејкерс, предводени од Лука Дончиќ, одиграа фантастична прва четвртина, која ја добија со 34:15. Откако ја стекнаа предноста, без поголеми проблеми Дончиќ и друштвото ја одржаа до крајот и славеа со 94-85.
Дончиќ беше нач чекор од трипл-дабл, постигнувајќи 31 поен, 12 скокови и 9 асистенции, додека Леброн Џејмс додаде 21 поен, 11 скокови и 7 асистенции. На другата страна, Минесота се потпре на 27 поени на Џулијус Рендл, додека Антени Едвардс застана на 25 поени и тоа не беше доволно.
Индијана слично како Лејкерс против Милвоки направи предност во првата четвртина и успеа да ја задржи до крајот. Иако Милвоки се обиде да се врати и ја намали разликата на само четири поени пред крајот на првото полувреме, на одмор се отиде со осум поени предност за Пејсерс, кои на крајот славеа со 123-115.
Милвоки не се предаваше до самиот крај, а во еден момент, во самиот финиш, се приближи на само два поени (115:113), меѓутоа на крајот тоа беше се од нив. Најефикасни во редовите на Пејсерс беа Сијакам со 24 поени и Халибертон со 21 поен, кои го предводеа тимот до важна победа.
Не помогна за Милвоки ниту одличниот Адетокумбо кој натпреварот го заврши со 34 поени, 18 скокови и 7 асистенции, а го следеше Портис со 28 поени и 12 скокови.
Во преостанатиот натпревар Оклахома беше подобра од Мемфис со 118-99.
Фото: Los Angeles Lakers/FB