На Брера и треба чудо против Вардар, Шкендија „брка“ негатива во Струга

Денеска на македонските фудбалски терени ќе се играат реванш натпреварите од полуфиналето во Купот на Македонија во кои со предност влегуваат екипите на Вардар и Струга.

Вардар речиси и да ја заврши работата во првиот натпревар против Брера во кој на домашен терен славеше поебда од 3-0, па сега на струмичкиот клуб му е потребно чудо на домашен терен за да ги спречи „црвено-црните“ да играат финале.

Повеќе неизвесност се очекува да има во Струга каде што гостува Шкендија која во првиот натпревар загуби со 2-1. Тетовскиот клуб имаше предност со голот на Рамадани, но Струга во вториот дел преку Укпа и Радески направи целосен пресврт.

Двата натпревари се закажани за во терминот од 16:00 часот.