Милер нема да оди по стапките на Рибери и Гомез

Toмас Милер на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен, но не е познато каде германскиот ветеран ќе продолжи.

Toмас Милер на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен, но не е познато каде германскиот ветеран ќе продолжи.

Пред Германецот има повеќе понуди, а една од нив доаѓаше од Италија од екипата на Фиорентина, но Милер нема да оди по стапките на Рибери и Гомез. Двајцата поранешни фудбалери на гигантот од Минхен подоцна го носеа дресот на Фиорентина, меѓутоа Милер ја одбил понудата н Италијанците.

Не станувало збор за некакви финаниски услови или барања и Милер веднаш им соопштил дека не е заинтересиран.

Најавите од медиумите се дека Милер кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија или американската МЛС.

Фото: FC Bayern München/FB