Манчестер јунајтед ќе го менува Онана со Јапонец од Серија А?

Maнчестер јунајтед е во потрага по голман бидејќи очигледно Андре Онана не ги задоволи критериумите на клубот.

Никој не е задоволен како Онана бранеше во текот на актуелната сезона и се бара ново решение. Се споменуваа неколку опции, а најновото име кое се поврзува со гигантот од „Олд Трафорд“ е Зион Сузики, голманот на Парма.

Наводно Манчестер јунајтед е сериозно заинтересиран за Јапонецот кој минатото лето од Сент Труден пристигна во Парма за 7.5 милиони евра. Неговиот ангажман се покажа како полн погодок, па „млекарите“ од него би можеле да заработат и до 40 милиони евра.

Фото: Parma Calcio 1913/FB