
Се жали и Гостивар: Примивме гол затоа што судијата Идризи не ги почитуваше правилата (ВИДЕО)
Гостивар ремизираше против Струга 1-1 и истакнуваат дека голот кој го примиле е последица на грешката која ја направил судијата Фуркан Идризи. Имено, тие се жалат на одземениот аут во моментите кога Дарко Глишиќ задржува време.
„Максималната казна за еден фудбалер кога задржува време е жолт картон, не е можно топката да биде дадена на противничката екипа, тоа го налагаат правилата на ИФАБ“, тврдат од Гостивар.
По овој натпревар во Струга дојде и до инцидентите во коои мораше да реагира и полицијата.