
Ќе врие во Битола: Пелистер експресно ја распродаде салата за мечот со Вардар!
Огромен интерес владее за вечното дерби меѓу македонските ракометни гиганти, кои се главни кандидати за титулата во македонската лига оваа сезона.
Спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место, а тоа значи дека се очекува пеколна атмосфера меѓу Пелистер и Вардар.
Пелистер е прв на табелата со 11 бодови, по што следи Вардар со 10 поени, а трет е Алкалоид со шест бода.
Дербито меѓу Пелистер и Вардар е закажано за 24 април од 18.30 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.