
Mитровски го сруши Славен Белупо на Нестор! (ВИДЕО)
Во еден натпревар во кој поголема иницијатива имаа домаќинте Вараждин успеа да искористи една од своите шанси и да ги освои трите бода.
Со овој триумф гостинскиот тим дојде на „минус три“ од денешниот противник кој е четврти на табелата со 44 бода.
Славен Белупо во овој натпревар беше и ослабен бидејќи Илија Несторовски ја пропушти средбата поради жолти картони. Сезонава прилепчанецот игра во добра форма и постигна пет погодоци за својот тим во првенството на Хрватска.
Настап во натпреварот денеска забележа и вториот Македонец во Вараждин, Ване Јованов кој во игра влезе во 88. минута.