
Нотингем Форест се врати на победнички патеки, ЛШ не е така далеку (ВИДЕО)
Поранешниот европски шампион го совлада Тотнем со 2-1 како гостин и со тоа го одби налетот на Манчестер Сити и Челси кои славеа во ова коло и се заканија да го симнат надвор од позициите кои водат во Лигата на шампионите. Нотингем Форест мошне рано дојде до предност од два разлика, уште во 16. минута со головите на Андерсон и Вуд. Тотнем во продолжение имаше многу повеќе од играта, упати дури 22 шута, но постигна само еден гол и тоа преку Ришарлисон во финишот од мечот.
Сега пет екипи, од третата до седмата позиција се на разлика од само три бода, а само три од нив ќе обезбедат пласман во Лигата на шампионите. До крајот на сезоната остануваат уште пет кола.