Леверкузен потврди, имаат специјален договор со Алонсо за негово можно заминување!

Извшниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро објасни каков договор имаат со Чаби Алонсо за негово евентуално заминување.

Гласни се шпекулациите дека Реал Мадрид сака да се збогува со Карло Анчелоти и на негово место да го назначи Чаби Алонсо.

„Имаме џентлменски договор со Чаби Алонсо за негово заминување. Доколку дојде клуб за кој Чаби Алонсо настапувал како играч, ние ќе седнеме со нив и ќе зборуваме и нема да го спречиме да потпише за нив“, вели извршниот директор на Леверкузен, Фернандо Каро.

Многумина сметаат дека сега е вистинскиот момент за заминување на Алонсо од Леверкузен и почеток на нов, поголем предизвик во кариерата.