
Лазаров: Во Норвешка ќе биде многу потешко!
Алкалоид одигра фантастичен меч во Автокоманда, го победи Рунар со 42-37 и направи крупен чекор кон финале во Европскиот куп.
Сепак, противникот е силен, па мора да се одигра на највисоко ниво и во Норвешка за да се оствари целта.
„Имавме доста материјал за Рунар, очекував тежок меч. Тие играат добро цела сезона и во лигата и во Европскиот куп. Победивме со пет гола, но треба многу добро да се подготвиме за реваншот. Сигурен сум дека таму ќе биде многу потежок дуел. Ја заслуживме победата, но не со пет гола разлика. Можеби со еден, два, но не и повеќе“, рече Лазаров по мечот.
Еден од најдобрите во тимот на Алкалоид беше Иван Џонов кој исто така вели дека мора многу подготвени да отидат во Норвешка.
„Се работи за добар тим кој игра брз ракомет, беше тешко да се држи ритамот со нив до крај, но успеавме да победиме. Тие играат добро и седум на шест, ќе мора многу добро да се подготвиме за реваншот“, вели Џонов.
Раваншот меѓу Рунар и Алкалоид се игра на 27 април од 17 часот.