
Aстон Вила ја направи трката за ЛШ во Англија супер интересна! (ВИДЕО)
Многу рано домаќините уште во првиот напад преку Воткинс стигнаа до предност, Њукасл успеа да дојде до израмнување со погодокот на Шар во 18-тата минута. Со по еден гол на двете страни се замина на паузата.
Второто полувреме донесе многу подобра игра на домаќините кои постигнаа три гола за освојување на три бода кои се важни во битката за ЛШ која сега е и тоа како интересна. За домашниот состав во вториот дел стрелаа Матсен и Онана, додека сопствената мрежа ја погоди Бурн.
На табелата во овој момент Њукасл е трет со 59 бода, но потоа следуваат Манчестер сити со 58, Нотингем и Астон Вила со 57. Челси со 54, Бормут 49...а тоа значи дека ќе гледаме супер интересна трка за местата кои водат во ЛШ.
Ќе потсетиме, сезонава првите пет екипи од Премиер лигата обезбедуваат место во најелитното европско натпреварување.