Младинците на Пелистер се пласираа на Ф4 во Келн, таму ги чекаат Веспрем и Барса!

Младинскиот тим на македонскиот шампион Пелистер славеше во дуелот против Динамо Букурешт со 37-36 и се пласира на завршниот турнир во младинската Лига на шампиони (ЛШ), кој се игра во Келн.

Младите пелистерци одиграа одлично во првото полувреме кое им припадна со 18-12 против домаќинот во Букурешт, додека Динамо почна да се буди во вториот дел.

Двете екипи понудија неизвесен ракомет во финишот од натпреварот, каде што се играше гол за гол, а Пелистер успешно го чуваше водството. Динамо на една минута пред крајот израмни на 36-36, но битолчани во следниот напад поведоа со 37-36. Динамо имаше шанса за израмнување, но на три секунди пред крајот не успеа да реализира.

Алем Хаџиќ беше најефикасен во победничкиот тим со 12 постигнати голови, додека Станчиу и Димитру запишаа по 11 погодоци за Динамо.

На завршниот турнир во младинската ЛШ во Келн веќе се пласираа Барселона, Веспрем и дански ГОГ.