
Охрид се распадна во финишот, Алкалоид извојува тешка победа!
Двете екипи понудија возбудлив ракомет од самиот старт, а по 15 минути игра Охрид имаше водство од 7-6, но набрзо гостите од Автокоманда успеаја да направат целосен пресврт и да поведат со 16-14 на полувремето.
Големата борба продолжи и во вториот дел, а Алкалоид успеваше да остане во позитива од еден гол (24-23) до 45. минута, по што скопскиот тим влезе во одличен ритам и во завршницата го скрши отпорот на домаќинот за триумф од 36-28.
Ѓоргиев беше најефикасен кај Алкалоид со шест голови, додека Орјоникадзе запиша шест погодоци за Охрид.
Алкалоид во следното коло игра против Бутел, додека Охрид ќе се соочи против Тиквеш.