Тенисерка брутално ја навреди противничката: Стави дезодоранс – смрдиш (ВИДЕО)

На турнирот во женска конкуренција во францускиот град Руен, тенискиот свет сведочеше на несекојдневна и непријатна сцена за време на мечот помеѓу француската тенисерка Лоис Боасон и Хариет Дарт (В. Британија).

Британката, фрустрирана од минусот што го имаше, за време на една од паузите побара од судијата невообичаена интервенција – да ја замоли нејзината противничка да стави дезодоранс, тврдејќи дека „неиздржливо смрди“. Коментарот предизвика шок и негодување кај публиката и тениската јавност.

Случката се случи во момент кога Дарт беше целосно надиграна на теренот, а мечот на крај заврши со убедлива победа на Боасон со резултат 6-0, 6-3. По натпреварот, Британката јавно се извини, објаснувајќи дека коментарот бил изречен во „жарот на борбата“ и изрази почит кон својата противничка.

Французинката реагираше со доза на хумор – на својот Инстаграм профил објави фотомонтажа и во шега предложи соработка со позната марка на дезодоранси.