Мурињо го напушта Фенербахче и станува селектор?

Според последните информации од турските медиуми, Жозе Мурињо е се поблиску до заминување од редовите на Фенербахче, а тоа би можеле да го искористат луѓето во Фудбалскиот сојуз на Бразил.

Во Турција се почести се критиките кон португалскиот стратег поради неговото однесување, но се кулминираше со последниот инцидент во кој го влечеше за нос стратегот на Галатасарај, Окан Бурук. На крајот Мурињо и добро помина добивајќи суспензија од три натпревари и тоа само за Купот на Турција.

Исто така и Мурињо не е премногу задоволен од ситуацијата во турскиот фудбал и често пати на прес-конференции го критикува целиот систем обвинувајќи дека се е подредено во корист на Галатасарај.

Бразил од друга страна е во потрага по нов селектор, најголема желба е Карло Анчелоти, но Италијанецот не е лесна мета, па затоа се размислува и за други опции. Ќе потсетиме, „Кариоките“ неодамна го отпуштија Доривал Жуниор по дебаклот од Аргентина со 4-1 во квалфикациите за Светското првенство во 2026 година.