Мајсторија со пета на Ндоје, Болоња ремизира против Наполи (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Болоња и Наполи заврши без победник (1-1) во 31. коло од италијанската Серија А, додека мечот го одбележа прекрасниот гол на Дан Ндоје.

Ангиса им донесе водство на гостите од Неапол во 18. минута од натпреварот, а Болоња ја презема контролата дури во вториот дел по што стигна до израмнување.

Ндоје со прекрасен гол со пета успеа да го матира противничкиот голман и да донесе бод за Болоња.

Наполи остана на втората позиција со 65 бодови, додека Болоња е четврта со 57 поени.