Милан ќе се засили со поранешен спортски директор на Јувентус

Поранешниот италијански шампион Милан сè уште бара нов спортски директор, а медиумите пишуваат дека изборот паднал на Фабио Паратичи.

Паратичи се прослави во Јувентус, а потоа работеше и во Тотнем, но сега би можел повторно да работи во Италија, односно во Милан.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио објави дека Паратичи очекува да се врати на работа по долгата пауза, која следеше поради суспензија.