Ѓоковиќ ита кон седмата титула во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето од Мастерсот во Мајами откако вечерва во два сета (6-2, 7-6) славеше против Себастијан Корда од САД.

Мечот траеше 84 минута, а Ѓоковиќ магично се извлече во вториот сет и се спаси од дополнителен напор и неизвесност. Корда ја пропушти својата шанса во деветтиот гем од тој сет, при водство од 5-3 и сервис. Место да израмни на 1-1 во сетови, тој му дозволи на Ѓоковиќ да направи брејк, а потоа во тај брејк да ги реши сите дилеми.

Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со бугарскиот тенисер Григор Димитров од кого има само еден пораз на 13 меѓусебни дуели и тоа претрпен во 2013 година во Мадрид. Нивната последна пресметка е од Мастерсот во Париз во 2023 година кога Ѓоковиќ славеше со 6-4, 6-3.

Во случај да победи во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе биде на еден триумф од рекордна седма титула на турнирот во Мајами. Во моментов го дели рекордот со шест трофеи со Андре Агаси.