
Дани Олмо постигна гол и - се повреди (ВИДЕО)
По само половина час игра, теренот мораше да го напушти шпанскиот репрезентативец Дани Олмо кој оваа сезона веќе имаше проблеми со повреди. Откако во 21. минута постигна гол од пенал и ја доведе својата екипа во водство од 2-0, плејмејкерот нешто подоцна остана да седи на тревата и побара да биде заменет, па на негово место влезе Фермин Лопес. Засега е нејасно за што се работи, но Олмо сезонава беше во аут вкупно 51 ден.
Барселона на овој натпревар е без Араухо, Кубарси, Левандовски и Рафиња кои добија поштеда затоа што тимот има напорен распоред претстојниот период и во 12 дена треба да одигра дури четири натпревари.