
Реал Мадрид сака да се засили со стопер избркан од Јувентус!
Но, посебно внимание привлекува фудбалерот за кого сезонава многу се зборува, а доскоро се сметаше за „отфрлен“. Станува збор за Дино Хујсен, 19-годишниот стопер што Јувентус буквално го избрка во Борнмут за смешна сума од 15 милиони евра. Според истите извори, неговиот напредок ги исполнува очекувањата на Реал Мадрид, кој би можел да се обиде да го доведе ова лето.
Хујсен одигра 27 натпревари и постигна два гола за Борнмут оваа сезона, под водство на тренерот Андони Ираола. Тој ја помина младинската школа на Малага и Јувентус, а неодамна доби повик од селекторот Луис де ла Фуенте за претстојните натпревари на шпанската репрезентација.